70 години Алкалоид

70 години Алкалоид

Трајче МукаетовВо 2006 прославивме 70 години посветеност на создавање производи кои се синоним за врвен квалитет. Седум децении истражување, развој и вложување во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец.

7 децении посветени на раст и развој

Трајче Мукаетов
Претседател на Управен одбор

Aлкалоид АД Скопје цели седум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини, производство на козметички и хемиски  производи. Јубилеј за респект, не само за Република Македонија, туку и за регионот. Овие 70 години што се зад нас, се вистински повод да се осврнеме на она што сме го направиле, да видиме каде сме, но, секако се и обврска пред предизвиците што ни претстојат. Компанијата во изминатата деценија ги реализира и надмина зацртаните деловни планови. Ваквите ОСТВАРУВАЊА се должат на зголемената ефикасност во работењето, како и на преструктуирањето на процесите и на производните програми. Периодот зад нас, беше во духот на ИНВЕСТИРАЊЕ во нова високософистицирана опрема во сите сегменти на нашето работење, што несомнено ќе ни помогне во напорите за континуирано подобрување на квалитетот на нашите производи,  еден од нашите приоритети. Во рамките на најголемиот инвестициски циклус на Компанијата кој беше интензивен во изминативе две децении, реализирани се неколку исклучително значајни проекти, меѓу кои би ги издвоил новите фабрики за цврсти дозни форми и за полусинтетски цефалоспорини - проект вреден 35,400,000 евра, од кои дел покривме со сопствени средства, дел со конвертибилен заем од ЕБРД и ИФЦ во висина од 17,4 милиони евра.

Вкупната вредност на инвестициите реализирани во последниве две декади е над 60 милиони евра од кои само во 2005 година се вложени повеќе од шест милиони евра, главно во ПЦ Фармација. Овие вложувања, секако, придонесуваат и за намалување на трошоците и за синхронизација на сите сегменти во работењето, што ни овозможува повисоко ниво на конкурентност.

Во контекст на посветеноста на перманентниот развој, важен параметар е зголеменото ниво на инвестирање во истражувачки и во развојни активности, вложувања, кои веруваме се неопходни за посакуваниот просперитет.

Извозна ориентација, стабилна пазарна позиција, отвореност кон нови пазари и партнерства, производи со највисок квалитет, примена на најсовремени технологии и врвни деловни стандарди - се клучните поенти во развојната ВИЗИЈА на Алкалоид АД.

За нејзино остварување, дефинирана е МИСИЈА, преку постојано тежнеење кон поздрав свет, супериорен квалитет на производи и услуги, но и професионалност и успешност на делоделовните операции. Императив е  заштитата на интересите на вработените, потрошувачите, акционерите и деловните партнери, а основна определба е ЗДРАВЈЕТО ПРЕД СЕ'.

Во наредниов период Алкалоид ќе се фокусира на глобализација на своето име. Наша цел е да обезбедиме конзистентност и подобрување на деловните перформанси со одржување на водечката позиција, која Алкалоид АД ја има во Република Македонија, како и консолидирање на позициите на извозните пазари.

Нашите ПЕРСПЕКТИВИ се насочени кон поголема ефикасност во работењето, раст на профитот на Групацијата, нови пазари и нови партнерства.

Од 2002 година, Компанијата котира на Првиот официјалени пазар на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност. Во 2005, 2006 година, како и во претходниот период, акциите на Алкалоид се меѓу најтргуваните и најликвидните на Берзата. Ова го сметаме за еден од параметрите кои ја потврдуваат вистинската вредност и позитивната перспектива на Компанијата.

Дозволете ми, уште еднаш да ја нагласам отвореноста на Алаклоид АД - Скопје за нови партнерства во сите сфери на своето делување, со една единствена цел - подобрување и зголемување на вкупните резултати на Компанијата, унапредување и заштита на интересите на вработените, клиентите, акционерите и другите иматели на удели.