Алкалоид Денес

Алкалоид АД е пазарно ориентирана компанија која осум децении работи на производство на лекови, козметички и хемиски производи, како и на преработка на билни суровини. Нашата организациска поставеност одговара на потребите на нашите корисници, поради што нашето акционерско друштво е составено од два профитни центри: Фармација и Хемија, Козметика и Билкарство. Дополнително, имаме две подружници во земјата како и 14 подружници и 4 претставништва надвор од Македонија (Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руската Федерација и САД). Ние сме компанија со околу 1.250 вработени во земјата и околу 350 вработени во подружниците и претставништвата надвор од Македонија. Акциите на Алкалоид се во сопственост на околу 5.110 акционери физички и правни лица, а околу 8% од вкупниот број на издадени акции се во сопственост на странски акционери.

Ние произведуваме висококвалитетни производи кои ги допираат животите на луѓето дневно, постојано имајќи на ум дека ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ.

Аспирации и вредности

Ние сме посветени на постојан развој и затоа поставивме курс да го глобализираме нашето име. Нашата цел е обезбедување конзистентност и подобрување на бизнис-перформансите преку одржување, односно зајакнување, на нашите позиции на актуелните пазари и разумно проширување во нови пазари.

>> повеќе

ПОЛИТИКА ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ НА АЛКАЛОИД АД
Симбиоза за поздрав живот и иднина

Ние постоиме и успешно го работиме нашиот бизнис повеќе од седум децении. Секоја година во секој сегмент сме сѐ попосветени да ги подобриме нашите операции, да се развиваме и да растеме на амбициозен и на одржлив начин. Но, ние никогаш не ги забораваме нашите луѓе, животната средина и општеството каде што припаѓаме.

>> повеќе

Различност

Од лабораториите до корпоративните функции поддршката за нашите вработени е различна, но сите се подеднакво вреднувани за нивните уникатни таленти. Ние ја цениме разновидноста бидејќи е основа за разбирање на нашите подеднакво различни клиенти. Конечно, здравјето пред сè е важен општествен концепт кој нѐ обединува сите нас.

>> повеќе