AlkaSAP

Alkasap

Информацискиот систем mySAP ERP (Enterprise Resource Planning), брендиран како AlkaSAP, претставува интегриран систем за целосно управување со системот за податоци во Алкалоид, за обработка и за следење на сите податоци потребни за непречено и за ефикасно функционирање на бизнис-процесите. Системот успешно и непрекинато функционира од неговата имплементација, а генерално опфаќа 7 модули:

  • FI (FInance) - Финансии и книговодство
  • CO (Controlling) - Бизнис планирање и контролинг
  • MM/WM (Material Management / Warehouse Management) - Управување со материјали и со магацини
  • SD (Sales & Distribution) - Продажба и дистрибуција
  • PP (Planning Production) - Планирање на производството
  • QM (Quality Management) - Управување со квалитет
  • HR (Human Resources) - Управување со човечки ресурси

Покрај главните модули, опфатени се и други сегменти од работењето на компанијата, како MRP (Material Requrement Planning) – Материјално планирање, LC (Legal Consolidation) – Консолидација итн.

Во секојдневното функционирање на системот активно се вклучени преку 240 корисници, со различни авторизации и области на работење. Поддршката на корисниците, освен на ниво на модул, присутна е и во делот за Системска поддршка, Програмска поддршка и за Валидациски процес.

Согласно со долгорочниот стратешки план за развој на сопствените информатички ресурси (вклучително и AlkaSAP), може да издвоиме неколку проекти и системи:

  • Проектот RollOut – имплементација на системот AlkaSAP ERP во две Алкалоидови ќерки-компании
  • ROIT (Reconstruction of Object IT) – нов објект, т.е. центар за информатичка технологија
  • Специјализирана сала/училница за компјутерска обука за 20 слушатели
  • AlkaloidRusija – реорганизација и надградба на компјутерската инфраструктура во Алкалоид – Русија
  • BC/DR-решение – за продолжување со функционирањето во случај на евентуална катастрофа
  • CRM (Customer Relationship Management) – систем за планирање и за управување на односите со партнерите
  • CRM-надградба со нови модули за работа на терен со таблет-компјутери во Алкалоид АД
  • DMS (Document Management System) – комплетно интегрирано решение за управување со документи

Проекти чија реализација е во тек (или ги планираме) во 2014 и 2015 година:

  • HR (Human Resources) – Управување со човечки ресурси, јануари 2014 – јули 2014 (завршен)
  • Проект DMSeExpert (надградба со пет нови модули), јануари 2014 – август 2015 (во тек)
  • Нови модули CRM за работа на терен со таблет-компјутери во одбрани фирми-ќерки, Q4 2014 (во план)
  • Проект RollOut – имплементација на AlkaSAP во Алкалоид – Србија, март–јули 2015 (во план)