Аспирации и вредности

Ние сме посветени на постојан развој и затоа поставивме курс да го глобализираме нашето име. Нашата цел е обезбедување конзистентност и подобрување на бизнис-перформансите преку одржување, односно зајакнување, на нашите позиции на актуелните пазари и разумно проширување во нови пазари.

Здравото човечко тело понекогаш буди повеќе
од искрена восхит. За нас во Алкалоид, постојана инспирација
и стремеж е да го заштитиме и да го зачуваме овој скапоцен подарок на природата.
Со неуморна страст создаваме производи коишто се синоним за врвен квалитет.
Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец,
затоа што веруваме дека
ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ.
Нашата Визија

Нашата визија е да се развиваме како извозно ориентирана фармацевтска компанија со стабилна пазарна позиција, отворенa кон нови пазари и кон нови партнерства, како компанија која произведува и пласира генерички лекови со највисок квалитет, применувајќи најсовремени производствени технологии и деловни стандарди.

Нашата Мисија

Нашата визија можеме да ја постигнеме само преку постојано тежнеење кон поздрав свет, супериорен квалитет на производи и на услуги, но и кон професионалност и успешност во деловните операции.

Нашиот Императив

Наш императив е заштитата на интересите на вработените, потрошувачите, акционерите и на деловните партнери, а основната определба еЗДРАВЈЕТО ПРЕД СÈ.