Becutan KIDS VITS

BECUTAN KIDS VITS

Вредностите и квалитетот на нашиот добропознат бренд Becutan ги преточивме и во новите производи од линијата KIDS VITS, наменети за нашите најмили уште од првиот ден од нивното раѓање.

Висококвалитетните медицински средства и додатоци во исхраната, кои се дел од ова портфолио, се формулирани според најновите научни сознанија, стандарди и здравствени препораки. Лесни за секојдневна употреба, овие производи овозможуваат грижа за детското здравје и потпомагаат во одредени состојби кога е неопходна асистенција: грчеви кај бебињата, растечено носе, поткрепа на правилниот раст, развој и имунитетот кај децата и слично.

Becutan KIDS VITS се партнери на современите родители во нивната определба да обезбедат квалитетно секојдневие за нивните најмалечки, а изобилството од бои и примамливи вкусови несомнено ќе биде забавно и за малите палавковци.