Becutan

Becutan

Becutan

Доследноста во одржувањето на врвниот квалитет е најсилната гаранција – довербата во брендот Becutan од 1978 година да се пренесува од генерација на генерација. Тоа е нашиот најцврст темел за долгогодишна традиција. На почетокот со само 5 производи за хигиена на детска кожа, денес портфолиото на Becutan содржи над 26 основни типови производи со близу 50 различни форми пакувања, чии формулации се работени во блиска соработка со медицински експерти. Името настанува како синергија на два збора: BEBE + CUTIS (lat. површински слој на кожата).

Со повеќе од 200 милиони продадени парчиња производи, Becutan е синоним за традиција, за постојан квалитет, за доверба и за лојалност. Како изграден бренд и во меѓународни рамки, Becutan е присутен на повеќе од 10 пазари во светот.

Сите производи се клинички и дерматолошки тестирани и се развиени во соработка со педијатри и со дерматолози. Изработени се од врвни суровини со потврден квалитет, кој соодветствува со европските директиви за квалитетен производ, наменет за нега на детската кожа. Производствениот процес е подложен на постојана проверка на влезните материјали и на готовиот производ, и се одвива во согласност со GMP-стандардите (Good Manifacturing Practice), стандарди на добра производствена практика, највисоки во оваа индустрија. Носечки сегмент на портфолиото се производите наменети за нега и за заштита на бебешката и детска кожа со исклучително благи формулации, изработени според уникатни рецептури, сигурни за употреба уште од првиот ден по раѓањето.

Досега се продадени повеќе од 200.000.000 производи и се бележи постојан тренд на пораст на продажбата. Лидер во колекцијата е детскиот крем, со продадени над 45.000.000 парчиња.

Она што еден бренд го прави вистински јак е неговата колективна перцепција, а брендот Becutan на повеќето пазари каде што се пласира е перципиран како домашен бренд, што укажува на силната врска со крајниот купувач, секако, градена низ децениите.

 

На социјалните медиуми

 

Becutan колекцијата содржи: