In memoriam

Трајче МукаетовНа 29 март 2007, со голема жал, се разделивме од Претседателот на нашиот управен одбор, Трајче Мукаетов, човекот кој го имаше посветено сиот свој живот, цели 34 години од неговото суштествување на Алкалоид. Тој е човекот кој го издигна Алкалоид на нивото на кое се наоѓа и денес – високо реномирана фармацевтска индустрија.

Роден е на 20ти септември 1945. Неговата кариера започнува со завршувањето на електро-техничкиот факултет во Белград по што како дипломиран стручњак беше назначен за прв директор во организацијата за процеси и информатика при Македонската државна канцеларија за информатика.

Неговата кариера продолжува во Алкалоид, каде во 1974 тој го основа компјутерскиот центар на неговата компанија. Набрзо, под негово водство, овој центар беше прогласен за водечки компјутерски центар во Македонија.

Од 1985, Трајче Мукаетов ја извршува функцијата на Главен извршен директор на Алкалоид АД Скопје. Овој период е обележан со најголемиот инвестициски циклус во Компанијата, но исто така и со трансформација на сопственоста во рамки на системските реформи во државата. И покрај радикалните промени, Алкалоид остана една од малкуте компании во државата кои успеаја да го задржат позитивниот тренд на раст и развој па дури и да ги подобрат своите перформанси.

Како голем стратег и визионер, тој во 1996 го иницираше создавањето на нови фармацевтски погони опремени со нови автоматизирани производни линии и зголемен капацитет на производство. Во текот на истиот период беше трасирана и соработката на Алкалоид со Европската банка за реконструкција и развој при што за првпат на македонска компанија и беше одобрен заем без гаранција од страна на државата.

Интензивирање на развојот, експанзија и развивање на Алкалоид во водечка фармацевтска компанија во регионот се основните одлики на менаџерскиот мандат на Трајче Мукаетов. Неговиот придонес кон развојот и афирмацијата на Алкалоид, дефинирањето на деловната стратегија и долгорочна политика на Компанијата продолжија од позицијата на Претседател на управниот одбор во текот на последната година од неговата кариера.

Неговата харизма, визионерството и огромните напори претставуваа голем придонес за македонската економија. За своите достигнувања, Трајче Мукаетов има добиено бројни признанија. Тој беше член на управни одбори на бројни еминентни организации во областа на здравството, фармацијата и спортовите. Во 1993 ја доби наградата Менаџер на деценијата на Република Македонија, за периодот 1985 до 1995.

Неговата биографија несомнено беше основната причина за доделување на звањето Генерален конзул на Кралството Данска во Македонија, чест и доверба кои се доверуваат само на исклучителни личности.

Во сферата на дипломатијата тој инвестираше огромни напори во интензивирањето на соработката помеѓу Македонија и Кралството Данска. Неговите заслуги во оваа сфера беа наградени со медалот Витез на редот на данското знаме, кој го доделува кралицата Маргарета II од Данска за исклучителни достигнувања.

За вработените на Алкалоид тој беше пример на пожртвуваност, делотворност, совесност и чесност, ќе остане во сеќавањата како личност со висок професионализам и подготвеност за несебична поддршка за своите колеги и за сите вработени во Алкалоид.

Трајче Мукаетов искрено ја сакаше својата земја, Алкалоид и своето семејство. Ни беше особено задоволство и огромна чест да се бидеме негови соработници.