КАРИЕРА ВО АЛКАЛОИД

Совети за аплицирање

Информирајте се што сѐ бараме од нашите потенцијални вработени преку прегледување на страницата за подготовка при аплицирање.
Успешното аплицирање започнува со целосно разбирање на Вашите професионални цели во комбинација со познавање на нашата компанија и на индустријата во којашто работиме.

Во Алкалоид може да аплицирате на два начина:

1. Преку апликацијата за кариера којашто се наоѓа на следниот линк: https://career.alkaloid.com.mk/

Таа нуди можност за Ваше онлајн-аплицирање на малку поинаков начин. Имено, со креирање на свој личен профил, кој нуди можност за постојано ажурирање, навремено нѐ информирате за сите промени во Вашиот професионален развој, промени во кариерата или, пак, за статусните промени во Вашето образование. А ние, пак, за возврат, со задоволство редовно ќе Ве известуваме за отворените работни места во доменот и во областите од Ваш интерес.

2. Преку електронската пошта Career@alkaloid.com.mk, како дополнителна можност. Во овој случај, Вашата апликација треба да ги содржи следните документи:

  • мотивациско писмо;
  • кратка биографија (CV);
  • други релевантни документи (дипломи, сертификати, препораки итн.) коишто би ја збогатиле Вашата апликација.
Во случај да бидете повикани на интервју

Пред интервјуто подгответе се и бидете свесни за Вашата вредност:

  • Потсетете се на Вашето минато и на работното искуство или, поточно, знајте ја во целост Вашата кратка биографија (CV) за да можете детално да ја дискутирате.
  • Размислете што е тоа што Ве мотивира да аплицирате за работна позиција во нашата компанија. Помислете на Вашите лични аспирации, финансиски аспекти или на типот организациска култура и работа којашто Ве привлекува.
  • Бидете свесни за Вашите професионални цели за во иднина затоа што ние преземаме обврска којашто трае повеќе од еден ден.
  • Земете со себе неколку копии од Вашата кратка биографија (CV).
  • Облечете се соодветно.
  • Пристигнете навреме.

За време на интервјуто:

  • Искрено разменувајте ги информациите и обидете се да дознаете дали постои заеднички интерес или, пак, вистински спој.
  • Распрашајте се за дневните работни одговорности.
  • Дознајте за корпоративната структура, рапортирањето, за стиловите на менаџментот итн.
  • Разберете какви можности постојат за унапредување.
  • Бидете сигурни дека ги имате информациите за контакт на лицето кое Ве интервјуира.