Кариера

Во Алкалоид АД ние Ве охрабруваме не само да набљудувате туку и да учествувате, не само да копнеете туку и да помагате, не само да сонувате туку и да работите, да ги претворите Вашите верувања во реалност, затоа што животот во сета своја целост е предизвик. Понекогаш само една мисла, една постапка, една идеја е сè што е потребно за да се препознае новитет и да се поттикне промена за да се подобри здравјето и да се внесе среќа во срцата на многумина. Вие можете да одлучите и да бидете тој катализатор.

Ние ќе Ве поддржиме со тоа што ќе Ви обезбедиме одлично работно опкружување, постојан развој и професионално усовршување, поттик да бидете подобри, иновативни, прагматични и флексибилни за да можете да го остварите својот потенцијал, да донесете успех за компанијата и да ја искажете нашата страст да им помагаме на другите.

Истражете ја нашата интернет-страница ако сакате да дознаете повеќе околу тоа зошто Алкалоид АД е одлично место за да ја развивате Вашата кариера и истовремено да го подобрувате животот на луѓето, да направите разлика во светот.