Податоци за акциите

Акциите на Алкалоид АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година.

Пазарен сегмент: Берзанска котација - обични акции
ISIN MKALKA101011
Шифра на ХВ ALK

Вкупниот број на одобрени и издадени акции е 1.431.353 со номинална вредност од ЕУР 25,56 по акција.

99,7% (1.428.125) од акциите се обични акции од кои 59 се резервирани за поранешни сопственици, додека 0,23% (3.228) се приоритетни акции исто така резервирани за поранешни сопственици.

Структура на акционерите на Алкалоид АД Скопје
Правни и физички лица / Обични акции 1.428.125 99,77%
Поранешни сопственици / Приоритетни акции 3.228 0,23%

Обичните акции им даваат на сопствениците право на:
1. Глас во Собранието на Друштвото
2. Исплата на дел од добивката (дивиденда)
3. Исплата на дел од остатокот од ликвидационата, односно стечајната маса на Друштвото

Дивидендна историја
Исплатена нето дивиденда по акција
2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016
80,50 100,00 123,00 136,00 150,00 160,00 165,00 180,00 189,00 207,00 225,00
Податоци за тргувањето со акциите на Алкалоид АД Скопје