Професионален развој

Ние сме посветени на развој, наградување и на задржување на нашите таленти и за таа цел обезбедуваме структурирани процеси, процедури, ресурси и работно опкружување кои ќе го извлечат најдоброто од Вас. Вработувањето е само почеток на Вашето патување.

Вашиот развој е и наш развој. Ние се стремиме да го глобализираме нашиот бренд и затоа бараме професионалци кои сакаат да ги развијат своите таленти и да се соочат со нови предизвици, професионалци кои ќе ни помогнат заедно да се пробиваме напред.

Затоа ние се грижиме за:

  • соодветно позиционирање на работните места;
  • повратна информација (feedback) и независност;
  • обука и едукација;
  • внатрешни унапредувања.

Соодветното позиционирање на работните места претставува основа на Вашиот иден развој. Нашата политика за вработување има за цел да ги позиционира вработените на оние работни места на коишто нивните способности, знаење и компетенции најмногу ќе дојдат до израз. Соодветното спојување гарантира дека вработените ќе може да го направат следниот чекор на скалилото на развојот.

Вашиот влез во нашата компанија почнува со нашата доверба во Вашите способности. Затоа, ние ќе Ви дадеме независност и ќе го предизвикаме Вашиот потенцијал на задачи за кои Вие ќе преземете одговорност и посветеност да го покажете најдоброто, но, сепак, ќе Ве поддржуваме во процесот со повратни информации како насока за подобрување на Вашите способности и развој.

Ние ја препознаваме важноста на учењето како непрекинат процес во текот на животот и затоа обезбедуваме обуки и едукација за уште поголемо зголемување на Вашите способности. Едукациите и обуките се достапни преку внатрешни или преку надворешни експерти во соодветните области, во зависност од опсегот на компетенциите коишто треба да се подобрат.

Веруваме во нашите вработени и поради таа причина, секогаш кога е можно, се обидуваме да ги пополниме позициите со вработени од нашата компанија кои ги поседуваат потребните компетенции. Како резултат на тоа, Вие можете да ја изградите Вашата кариера преку оддели, функции или дури и преку региони и оттаму да акумулирате широк опсег на искуства и на знаење.