Различност

Од лабораториите до корпоративните функции поддршката за нашите вработени е различна, но сите се подеднакво вреднувани за нивните уникатни таленти. Ние ја цениме разновидноста бидејќи е основа за разбирање на нашите подеднакво различни клиенти. Конечно, здравјето пред сè е важен општествен концепт кој нѐ обединува сите нас.

Нашата посветеност кон различноста започнува во фазата на регрутација и продолжува во текот на целата кариера, преку создавање опкружување кое ја охрабрува различноста. Ние веруваме дека разновидноста не само што ни помага во разбирањето на нашите клиенти надворешно туку и ни помага да имаме подобра комуникација, стекнување знаење и личен развој внатрешно. Кога велиме различност, мислиме на различните демографски и образовни квалификации, диференцијални способности, стилови на размислување, компетенции и аспирации на нашите вработени.

За нас различноста создава посветени вработени, го поттикнува доброто донесување одлуки, ја зголемува креативноста и, секао, нѐ води кон повисоки перформанси кои ни помагаат да ја постигнеме нашата визија.
За Вас различноста носи уникатно знаење, разновидни искуства и единствени перспективи.