Што нудиме

Без оглед на Вашата работна позиција, ние во Алкалоид веруваме во Вас и во Вашата способност да учите и да се развивате. Ние бараме поединци кои копнеат да направат разлика и да ги допрат животите на другите, со свесен напор кој води кон подобрување на здравјето за генерациите кои следуваат.

Ние Ви даваме независност да ги изразувате своите способности и компетенции, но, сепак, Ве предизвикуваме да бидете иновативни, прагматични и одговорни за Вашите задачи, со цел да демонстрирате врвни резултати. Ова може да се оствари единствено преку посветеност, тимска работа, искрена комуникација и преку позитивно работно опкружување. Ние ќе Ви помогнеме преку укажување на Вашите одговорности и, секако, со признание за Вашиот труд.

Вие ќе бидете дел од нашиот разновиден тим на професионалци чија цел е постигнување на нашата визија и поддршка на нашата мисија. Вие ќе бидете дел од компанија со долга традиција и со историја на успеси, раст и на развој, реализирани преку иновации и професионализам. Вие ќе бидете дел од нашата успешна приказна.

Придобивки
Конкурентна основна плата

Нашата политика за надоместоци се базира на неколку концепти: конкурентен, мотивирачки, навремен и транспарентен.

>> повеќе

Професионален развој

Ние сме посветени на развој, наградување и на задржување на нашите таленти и за таа цел обезбедуваме структурирани процеси, процедури, ресурси и работно опкружување кои ќе го извлечат најдоброто од Вас.

>> повеќе