ГастроГард
  • таблета за џвакање

    СОСТАВ

    Една таблета содржи 680 mg калциум карбонат и 80 mg магнезиум карбонат.

    ФАРМАЦЕВТСКА ФОРМА

    Таблети за џвакање

    МЕХАНИЗАМ НА ДЕЈСТВО

    ГастроГард дејствува локално, преку неутрализација на желудочната киселина, и не зависи од системската апсорпција.
    Во желудникот калциум карбонатот и магнезиум карбонатот реагираат со желудочната киселина, формирајќи вода и растворливи минерални соли.

    ИНДИКАЦИИ

    Таблетите ГастроГард го намалуваат вишокот желудочна киселина и овозможуваат брзо ублажување на чувството на жарење зад градната коска (жиговина) и на надуеноста.
    Таблетите за џвакање ГастроГард се користат за ублажување на желудочните тегоби поврзани со:

    • нарушено варење на храната, вклучувајќи и нарушено варење на храната во текот на бременоста;
    • прекумерно консумирање храна и пијалаци;
    • гастритис, улкусна болест, рефлуксен езофагитис;
    • нарушувања на црниот дроб или на жолчното ќесе.

    ДОЗИРАЊЕ

    Таблетите ГастроГард се земаат перорално, се џвакаат или се лижат.
    Возрасни и деца над 12-годишна возраст:
    Една или две таблети се џвакаат или се лижат вообичаено еден час по главните оброци или пред спиење, или при појава на тегобите.

    ПАКУВАЊЕ

    Картонската кутија содржи 24 таблети (3 блистери) и упатство за пациентот.

    РЕГУЛАТОРЕН СТАТУС

    Лекот се издава без лекарски рецепт (OTC).