Вашата Кариера

Добре дојдовте на нашата страница посветена на Вашата кариера. Вашето патување кон Алкалоид започнува овде.
Процесот на регрутација започнува со Вашето пребарување слободни работни позиции, соодветни на Вашите способности и области на интерес. Доколку сте заинтересирани за позиција во нашата компанија, употребете ја нашата нова апликација и отворете Ваш личен профил. Секогаш кога Вашите квалификации ќе соодветствуваат на потребите за одредена отворена позиција, ќе бидете повикани за учество во процесот на регрутација.

Кариера во алкалоид

Процесот на Вашето аплицирање, покрај вообичаениот начин, се потрудивме да биде поинтерактивен. За Вас подготвивме посебна апликација преку која ќе можете да отворите свој профил и со пристапување кон него постојано да ги ажурирате настанатите промени, а воедно и да добивате информации за отворените работни места од областите од Ваш интерес.

За повеќе информации притиснете на повеќе.

>> повеќе

Стипендии

Инвестирањето во кадар и во знаење, заедно со општествената одговорност, отсекогаш играле клучна улога во развојната политика на Алкалоид АД. Ова е причината зошто ние инвестираме во потенцијалните таленти за време на нивните студии, а по нивното завршување им се дава можност за влегување во нашата компанија.

>> повеќе