За Алкалоид
АЛКАЛОИД AД Скопје е компанија која осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини, производство на козметички и хемиски производи.
Алкалоид АД е акционерско друштво во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, Козметика и Билкарство; има две подружници во земјата како и 16 подружници и 3 претставништва надвор од Македонија (во Србија, Црна Гора, на Косово, во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, во Руската Федерација и САД).
Друштвото брои 1.430 вработени во земјата и 384 вработени во подружниците и претставништвата надвор од Македонија.
Акциите на Алкалоид се во сопственост на околу 4.946 акционери физички и правни лица, а околу 5.55% од вкупниот број на издадени акции се во сопственост на странски акционери.