godishno sobranie na akcioneri-2020

06.03.2020

Годишно Собрание на акционери

Почитувани акционери,

Алкалоид АД Скопје објавува дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 06.04.2020 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија.

Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на ден 05.03.2020 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2019 година во износ од 360,00 денари бруто односно 324,00 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 320,00 денари бруто односно 272,00 денари нето е поголема за 19% на нето основа.

Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциски сметки на акционерите.

Повеќе детали на следниот линк

Алкалоид АД Скопје
Управен одбор