Годишно Собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје

06.04.2020

Годишно Собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје

На ден 06.04.2020 година се одржа Годишно собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје.

На одржаната седница се усвоија материјалите и предлог-одлуките предложени според утврдениот Дневен ред, објавен во Јавниот повик до акционерите за учество на собранието.

Донесена е одлука за исплата на дивиденда за 2019 година во висина од 324,00 денари нето, односно 360,00 денари бруто за една акција што е за 19% повеќе од исплатената дивиденда за 2018 година на нето основа. Исплатата на дивидендата ќе започне од 20.05.2020 година. Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на акционерите.

Сите одлуки и материјали усвоени од собранието на акционери може да се преземат на следниот линк.