Известување во врска со Годишното собрание на акционери

31.03.2020

Известување во врска со Годишното собрание на акционери

Во согласност со Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба, објавена во Службен весник на РСМ бр.79/2020 година, на ден 26.3.2020 година, АЛКАЛОИД АД Скопје известува дека закажаната Седница на Годишното собрание на акционери за ден 6.4.2020 година (понеделник), со почеток во 8:00 часот, нема да се одржи, односно се одложува за време на траењето на вонредната состојба.

АЛКАЛОИД АД Скопје ги известува своите акционери дека заклучно со 26.3.2020 година, преку доставените обрасци за гласање преку полномошник, веќе е обезбеден потребниот кворум за работа на Собранието, односно повеќе од 50 % од акционерите го оствариле своето право на глас за предлог-одлуките утврдени во дневниот ред.

За денот, времето и за местото на одржување на Седницата на Годишното собрание на акционери, по завршувањето на вонредната состојба, АЛКАЛОИД АД Скопје дополнително ќе ги извести акционерите.