„Алкалоид“ за своите вработени исплати регрес за годишен одмор за 2021 година и го продолжи доброволното приватно здравствено осигурување

31.03.2021

„Алкалоид“ за своите вработени исплати регрес за годишен одмор за 2021 година и го продолжи доброволното приватно здравствено осигурување

Со одлука на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје, во март 2021 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата во висина од 100 % од просечната исплатена нето-плата од работник во претходните три месеци во Р.С.Македонија. Исплатениот надомест од вработен е во износ од 31.167 денари бруто, односно 28.050 денари нето.

Здравјето на вработените, особено во услови на светска здравствена криза, е врвен приоритет за компанијата. Во таа насока, „Алкалоид“ АД Скопје во 2020 година склучи договор за доброволно приватно здравствено осигурување за своите вработени, чија полиса е со важност и во претстојната 2021 година.

Групацијата „Алкалоид“ брои 2.420 вработени, од кои 1.860 се во базата во Скопје, а 560 се вработени во подружниците во странство. Политиката за надоместоци на компанијата е дефинирана во Статутот на друштвото и во Колективниот договор на „Алкалоид“ АД. Грижата за вработените, заедницата, за потрошувачите, акционерите и за сите иматели на удели во компанијата е цврсто втемелена во корпоративната политика на „Алкалоид“ АД Скопје, а таквите заложби ќе продолжат и во иднина.