Алкалоид КОНС

АЛКАЛОИД КОНС ДОО ДОМАШНА ЌЕРКА- КОМПАНИЈА НА АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ

Во 1979 година Алкалоид – Фармација формираше сектор задолжен за соработка со странски компании, којшто се однесуваше на склучување договори за застапништво, дистрибуција и за консигнациска продажба.

Долгогодишната успешна работа на овој сектор, како и стекнатото искуство во оваа област, претставуваше солидна основа за формирање на Алкалоид КОНС ДООЕЛ, увозно-извозна компанија за трговија и за услуги, којашто официјално започна со работа во 2004 година со само 5 вработени. Од година в година развојот на Алкалоид КОНС, единствената домашна ќерка-компанија на Алкалод АД Скопје, станува импресивен од аспект на волуменот на продажба, како и од аспект на деловното портфолио.

Во моментов Алкалоид КОНС ДООЕЛ има 37 вработени, соработува со повеќе од 20 странски компании и има застапништва за околу 2000 фармацевтски производи.

Алкалоид КОНС ДООЕЛ има склучено договори за соработка со следните компании:

  • MEDTRONIC TRADING NL B.V., Netherlands
  • MSD B.V., Netherlands
  • SANOFI AVENTIS, France
  • GENZYME EUROPE B.V., Netherlands
  • SHIRE PHARMACEUTICALS IRELAND LIMITED, Ireland
  • BIOMARIN INTERNATIONAL LIMITED, Ireland
  • ALCON PHARMACEUTICALS LTD., Switzerland
  • GRIFOLS WORLDWIDE OPERATIONS LTD., Ireland
  • NOVARTIS PHARMA SERVICES INC., Switzerland
  • PFIZER EXPORT B.V., Netherlands
  • VEDRA INTERNATIONAL AD, Bulgaria
  • LEMIS- HANDELS GmbH, Austria
  • SWEDISH ORPHAN BIOVITRUM s.r.o, Croatia
  • FRESENIUS MEDICAL CARE, Germany
  • GETINGE GROUP South East Europe D.O.O., Serbia
  • PRIZMA D.O.O., Serbia
  • ORPHAN EUROPE, France
  • MERIL LIFE SCIENCES Pvt. Ltd., India
  • BETAMED D.O.O., Croatia
  • ELEPHANT PHARMA D.O.O., Serbia