Алкасап

AlkaSAP

Alkasap

Информацискиот систем mySAP ERP (Enterprise Resource Planning), брендиран како AlkaSAP, претставува интегриран систем за целосно управување со системот за податоци во Алкалоид, за обработка и за следење на сите податоци потребни за непречено и за ефикасно функционирање на бизнис-процесите. Системот успешно и непрекинато функционира од неговата имплементација, а генерално опфаќа 7 модули:

  • FI (FInance) - Финансии и книговодство;
  • CO (Controlling) - Бизнис планирање и контролинг;
  • MM/WM (Material Management / Warehouse Management) - Управување со материјали и со магацини;
  • SD (Sales & Distribution) - Продажба и дистрибуција;
  • PP (Planning Production) - Планирање на производство;
  • QM (Quality Management) - Управување со квалитет и
  • HR (Human Resources) - Управување со човечки ресурси.

Покрај главните модули, опфатени се и други сегменти од работењето на компанијата, како на пример MRP (Material Requrement Planning) – Материјално планирање, LC (Legal Consolidation) – Консолидација итн.

Во секојдневното функционирање на системот активно се вклучени преку 240 корисници, со различни авторизации и области на работење. Поддршката на корисниците, освен на ниво на модул, присутна е и во делот за системска поддршка, за програмска поддршка и за валидациски процес.

Во согласност со долгорочниот стратешки план за развој на сопствените информатички ресурси (вклучително и AlkaSAP), може да издвоиме неколку проекти и системи:

  • Проектот RollOut – имплементација на системот AlkaSAP ERP во две алкалоидови ќерки-компании;
  • ROIT (Reconstruction of Object IT) – нов објект, т.е. центар за информатичка технологија;
  • специјализирана сала / училница за компјутерска обука на 20 слушатели;
  • AlkaloidRusija – реорганизација и надградба на компјутерската инфраструктура во Алкалоид – Русија;
  • BC/DR-решение – за продолжување на функционирањето во случај на евентуална катастрофа;
  • CRM (Customer Relationship Management) – Систем за планирање и за управување на односите со партнерите;
  • CRM-надградба со нови модули за работа на терен со таблет-компјутери во „Алкалоид“ АД и
  • DMS (Document Management System) – комплетно интегрирано решение за управување со документи.

Проекти чија реализација е во тек (или ги планираме) во 2014 и во 2015 година:

  • HR (Human Resources) – Управување со човечки ресурси, јануари 2014 – јули 2014 (завршен);
  • Проект DMSeExpert (надградба со пет нови модули), јануари 2014 – август 2015 (во тек);
  • нови модули CRM за работа на терен со таблет-компјутери во одбрани фирми ќерки, Q4 2014 (во план) и
  • Проект RollOut – имплементација на AlkaSAP во Алкалоид – Србија, март–јули 2015 (во план).