Балансирана сол

Балансирана сол

400g, 900g

Ваша нова пријателка во кујната - Балансирана сол!Сол за целото семејство, збогатена со внимателно одбрани калиумови, магнезиумови и калциумови соли . . .

Алкалоид АД подготви нов производ, “Балансирана сол”, пред сî за да помогне во поефикасно лекување на болните со зголемен крвен притисок, но и за да овозможи безгрижно користење на сол при приготвување на јадењата.

Во “Балансирана сол” натриум хлоридот е застапен со нешто повеќе од 60%, а останатиот дел го сочинуваат соли на калиум, магнезиум и калциум. Заради ова значајно се намалува внесувањето на натриум во организмот, што придонесува да се спречи зголемувањето на крвниот притисок.

Калиумот, исто така, помага во елиминација на натриум преку бубрезите. Во лекувањето на крвниот притисок многу често се користат диуретици, кои покрај течностите, го отстрануваат и калиумот. При негов недостаток можна е појава на грчеви на мускулите и неправилна работа на срцето. Со присуство на калиум во “Балансираната сол” се овозможува негово надоместување во организмот.
Калциумот меѓу другите функции е одговорен за здрави и за цврсти коски и заби. Тој учествува во контракциите на мускулите, во регулација на срцевата работа, на коагулацијата на крвта, на излачувањето на одделни хормони и активност на ензимите, влијае на контракциите на матката во тек на породувањето и на создавањето млеко и влијае на регулацијата на крвниот притисок.

Магнезиумот учествува во регулација на функцијата на мускулите и нервите, обезбедува стабилен ритам на срцето, позитивно влијае на имунолошкиот систем, помага во регулација на шеќерот во крвта, учествува во метаболизмот на протеините и одржување на крвниот притисок.

“Балансирана сол” е јодирана со потребните количини 20 - 30 мг јод на килограм, неопходен за нормална функција на тироидната жлезда.

 “Балансирана сол” претставува ефикасна комбинација на натриум, калиум, калциум и магнезиум кои секој одделно, но и заедно, имаат значително позитивно влијание на регулацијата на крвниот притисок и на функцијата на повеќе органи и системи.

Со користење на „Балансирана сол”, можете да ги подготвите јадењата по Ваш вкус, а без притоа да се грижите за прекумерно внесена сол во организмот. И покрај додатокот на други соли, „Балансирана сол” е со речиси идентичен вкус како и прехрамбената сол која содржи само натриум хлорид.

Слободно посолете со „Балансирана сол” и дозволете таа да стане Вашата нова пријателка во кујната.  

Наша одговорност е секогаш да создаваме квалитетни производи за подобро здравје.

Ваш,
Алкалоид АД