Becutan гел со разладувачки ефект 50 ml

Гел за кожа Becutan со разладувачки ефект

50 ml

Ако прекумерната изложеност на сонце и здодевните инсекти што ја напаѓаат детската кожа ви го претворат летниот одмор во кошмар, сигурни сме дека гелот Becutan со разладувачки ефект ќе биде неизоставен дел од вашата летна торба. Неговото дејство е да ја разладува, да ја хидратизира и да ја омекнува кожата, давајќи ѝ чувство на пријатна свежина и на ладењe. Содржи екосертифицирани екстракти од алое вера и од овес, кои помагаат во намалувањето на црвенилата и на иритациите на кожата предизвикани од продолженото изложување на сонце. Истовремено ја намалува и ја ублажува потребата од чешање, особено по убодите од инсекти.