Becutan колекција за сончање за деца

Детска колекција за сончање Becutan

Бекутан колекција за сончање за деца

Кремот за сончање Becutan СПФ 50 (Becutan High Protection Sun Cream SPF 50), Млекото за сончање Becutan СПФ 30 (Becutan High Protection Sun Milk SPF 30) и Млекото за сончање Becutan во спреј СПФ 20 (Becutan Medium Protection Sun Lotion SPF 20) содржат УВА- и УВБ–филтри, кои обезбедуваат сигурна заштита за бебешката и детска кожа од ултравиолетовите зраци. Покрај заштитата од штетното влијание на сончевите зраци, овие производи имаат својство и да ја негуваат кожата.

Во својот состав содржат:

  • маслиново масло – ја хидрира кожата и дејствува против појавата на црвенило;
  • екстракт од камилица – ја штити кожата од иритација, има антибактериско дејство и смирува евентуална појава на црвенило;
  • витамин Е – ја одржува нормалната влажност на детската кожа и ја прави мека и еластична;
  • Де-пантенол – ја хидрира кожата.

Производите се клинички тестирани.

Начин на употреба:

  • Се нанесува на сува кожа 15 минути пред да излезете на сонце или по секое капење.
  • Се препорачува почесто да се нанесува.


Внимавајте!

  • Една единица фактор овозможува десет минути заштита од сонце. Не изложувајте се на директна сончева светлина во периодот од 12 до 16 часот (ултравиолетовите зраци во овој период се со највисок интензитет).
  • Не се изложувајте на директна сончева светлина во периодот од 12 до 16 часот
  • (ултравиолетовите зраци во овој период се со највисок интензитет).
  • Бебињата и малите деца да не се изложуваат директно на сонце.


Масло Becutan за заштита од сонце SPF 30
Маслото Becutan SPF 30 ѝ овозможува сигурна заштита на нежната детска кожа од штетното УВ зрачење при секојдневното изложување на сонце, особено во летниот период. Комплексната формулација на маслото се заснова врз употребата на висококвалитетни УВ–филтри, кои ги апсорбираат сончевите УВА- и УВБ-зраци. Иновативната водоотпорна формула со внимателно одбрани состојки овозможува брза и лесна апсорпција на маслото, давајќи ѝ на кожата пријатно кадифено чувство при допир, без појава на мрсен сјај на нејзината површина. Заедно со витаминот Е ова масло ќе ѝ овозможи сигурна заштита на детската кожа.


Млекото Becutan за по сончање (Becutan After Sun Milk) е идеално за враќање на влажноста на кожата по нејзиното изложување на сонце. Брзо се впива, а големиот процент вода што го содржи интензивно ја навлажнува кожата.

Во својот состав содржи:

  • маслиново масло - ја прави кожата помека;
  • масло од невен – ја смирува и ја регенерира кожата;
  • камилица – дејствува антибактериски и смирува евентуална појава на црвенило;
  • Де-пантенол - ја хидрира кожата.  

Клинички тестиран.

Начин на употреба:
се нанесува на чиста кожа по сончање.