Маст Becutan со рибино масло
25 ml
Иако кожата на вашето бебе наликува на вашата, функционално е незрела. Таа е потенка и особено чувствителна на влијанијата од околината, олеснето е губењето на вода, а сето тоа придонесува за полесно навлегување на разни штетни материи и за развој на инфекции. Негата на бебешката кожа започнува од првиот ден по раѓањето, a маста Becutan со рибино масло е производ создаден токму за ваквите почетоци во светот на негата.
Зошто?
Маста Becutan содржи рибино масло богато со витамин А, неопходен за правилно формирање на епидермисот и за одржување на неговата природна заштитна функција, на што особено треба да се внимава при нега на кожата кај новороденчињата. Воедно ја помага и ја забрзува регенерацијата на иритираната кожа, како и на кожата оштетена од топлински или од хемиски агенси. Ја храни сувата кожа, па така таа станува мазна и еластична. Се нанесува на чиста и сува кожа, во тенок слој, со благо триење 2-4 пати на ден.
Маста Becutan со рибино масло првенствено е наменета за нега и за заштита на бебешката кожа, но, исто така, се препорачува за:
- изгореници;
- нега на сува, испукана и груба кожа, склона кон лупење;
- третирање на пеленски дерматитис;
- црвенило по кожата, предизвикано од триење и потење;
- нега на кожата по сончање.