Becutan прашоци за подготовка на електролити за доенчиња, деца и за возрасни

Прашоци Becutan за подготовка електролити за доенчиња, за деца и за возрасни

Електролитот Becutan со сладок анасон за доенчиња, за деца и за возрасни претставува прашок за подготовка перорален раствор за рехидратација и е наменет за надоместување на загубите на вода и на електролити при дијареја и при повраќање.

Електролитот Becutan со сладок анасон е мешавина од минерални материи, од гликоза и од екстракт на плодот од сладок анасон, кој дополнително помага при состојби на нарушување на варењето на храната. Воедно, екстрактот од сладок анасон е и одличен подобрувач на вкусот и го прави растворот вкусен и пријатен за пиење.

Електролитот Becutan со сладок анасон е без додаток на ароми и се препорачува за најмалите, за доенчињата и за децата до 12-месечна возраст, но и за сите возрасти.

Електролитот Becutan со матичина и со лимон, за деца над 12-месечна возраст и за возрасни, претставува прашок за подготовка перорален раствор за рехидратација и е наменет за надоместување на загубите на вода и на електролити при дијареја и при повраќање.

Електролитот Becutan со матичина и со лимон е мешавина од минерални материи, гликоза, екстракт од матичина и од природна арома на лимон. Екстрактот од матичина дополнително помага при состојби на нарушување на варењето на храната. Воедно, екстрактот од матичина и аромата од лимон му даваат пријатен вкус на растворот и го прават вкусен за пиење.

Електролитот Becutan со сладок анасон и електролитот Becutan со матичина и со лимон се произведени и изготвени со состав препорачан од Светската здравствена организација.

Се препорачува електролитот Becutan со сладок анасон и електролитот Becutan со матичина и со лимон да се користат под медицински надзор. Приготвувањето е едноставно – една кесичка прашок Becutan (6,15 g) се раствора во 300 ml свежо зовриена и оладена вода.

Препорачаните дози се декларирани на амбалажата на производите.

Електролитните раствори се пијат полека, со земање мали голтки на одредено време, со цел целосно да се апсорбираат. Се препорачува приготвените раствори да се чуваат во затворен сад, но не повеќе од 24 часа.

Се препорачува внимателно користење на растворите кај лица со висок крвен притисок поради содржината на натриум.