Becutan
Доследноста во одржувањето на врвниот квалитет е најсилната гаранција – довербата во брендот Becutan од 1978 година да се пренесува од генерација на генерација. Тоа е нашиот најцврст темел за долгогодишна традиција. На почетокот со само 5 производи за хигиена на детска кожа, денес портфолиото на Becutan содржи над 26 основни типови производи со близу 50 различни форми пакувања, чии формулации се работени во блиска соработка со медицински експерти. Името настанува како синергија на два збора: BEBE + CUTIS (lat. површински слој на кожата).
Со повеќе од 200 милиони продадени парчиња производи, Becutan е синоним за традиција, за постојан квалитет, за доверба и за лојалност. Како изграден бренд и во меѓународни рамки, Becutan е присутен на повеќе од 10 пазари во светот.
Сите производи се клинички и дерматолошки тестирани и се развиени во соработка со педијатри и со дерматолози. Изработени се од врвни суровини со потврден квалитет, кој соодветствува со европските директиви за квалитетен производ, наменет за нега на детската кожа. Производствениот процес е подложен на постојана проверка на влезните материјали и на готовиот производ, и се одвива во согласност со GMP-стандардите (Good Manifacturing Practice), стандарди на добра производствена практика, највисоки во оваа индустрија. Носечки сегмент на портфолиото се производите наменети за нега и за заштита на бебешката и детска кожа со исклучително благи формулации, изработени според уникатни рецептури, сигурни за употреба уште од првиот ден по раѓањето.
Досега се продадени повеќе од 200.000.000 производи и се бележи постојан тренд на пораст на продажбата. Лидер во колекцијата е детскиот крем, со продадени над 45.000.000 парчиња.
Она што еден бренд го прави вистински јак е неговата колективна перцепција, а брендот Becutan на повеќето пазари каде што се пласира е перципиран како домашен бренд, што укажува на силната врска со крајниот купувач, секако, градена низ децениите.
Becutan колекцијата содржи:
- Becutan шампон за деца 200ml, 400ml
- Becutan шампон за деца со камилица 200ml
- Becutan шампон за деца со екстракт од овес и Д-пантенол 200ml
- Becutan пенливо средство за капење 200ml, 400ml
- Becutan шампон и пенливо срeдство за капење 2 во 1, 200ml,320ml,400ml
- Becutan пенливо средство за капење со камилица 200ml
- Becutan пенливо средство за деца со екстракт од овес и Д-пантенол 200ml
- Becutan маслено средство за капење 150ml
- Becutan детски крем 35ml, 50ml, 75ml, 100ml, 150ml
- Becutan заштитен детски крем со цинк оксид 50 ml
- Becutan детски хидратантен крем 100ml, 200ml
- Becutan детски бадемов крем 100ml, 200ml
- Becutan пена за миење рачиња и лице 250ml
- Becutan хидратантно млеко за тело 200ml, 400ml
- Becutan масло 200ml
- Becutan масло со лаванда 200ml
- Becutan детска витаминска маст 50ml, 200ml
- Becutan маст со рибино масло 25ml
- Becutan пудра за деца 100g,200g
- Becutan детски сапун 90g
- Becutan детски сапун со камилица 90g
- Becutan детски сапун со бадемово масло и со екстракт од овес 90g
- Becutan детски сапун со екстракт од лаванда 90g
- Becutan детска паста за заби 50g
- Becutan влажни марамчиња со камилица
- Becutan влажни марамчиња за чувствителна кожа 45/1
- Becutan влажни тоалетни марамчиња од биоразградлива хартија 48/1
- Becutan бебешки пелени
- Becutan подлоги за повивање 7/1
- Becutan бебешки стапчиња за уши
- Becutan колекција за сончање за деца
- Becutan спреј против убоди од инсекти 100ml
- Becutan гел со разладувачки ефект 50 ml
- Becutan чаеви
- Becutan прашоци за подготовка на електролити за доенчиња, деца и за возрасни
- Becutan тоалетна вода за деца 50ml
- Becutan течен детергент 1L, 2L
- Becutan омекнувач за алишта 1L, 2L
- Becutan течен детергент и омекнувач 1L, 2L
- Becutan newborn aqua pure влажни марамчиња