Чајна мешавина за дишни патишта

Чајна мешавина за дишни патишта
Чај против воспаление на простатаСвежо приготвена топла чајна напивка од билки кои изобилуваат со етерични масла е секогаш добредојдена.

Чајната мешавина за дишни патишта содржи повеќе билки, меѓу кои жалфија, која придонесува за здравјето на горните дишни патишта, и црн бибер, кој, исто така, помага за нормална функција на респираторниот систем. Мешавината уште содржи матичина, плод од смрека, оригано и чубрица.

Приготвување: eдна супена лажица од мешавината се прелева со 250 мл врела вода. Се остава да отстои 10 минути во покриен сад, а потоа се процедува. Чајот се пие 2-3-пати на ден, пред јадење. Чајот може да се користи и за инхалација.

Производот да не се користи подолго од две недели.

Секое пакување содржи 100 g од чајната мешавина.