ЦИТИКОЛ ВИЈАЛИ

ЦИТИКОЛ ВИЈАЛИ

Додаток во исхраната, со цитиколин во форма на орален раствор

Цитикол вијалите се додаток во исхраната којшто содржи цитиколин во форма на перорален раствор којшто може да биде корисен за создавање нутритивен баланс на оваа хранлива супстанција, во случај кога таа недоволно се внесува преку исхраната или во услови на физиолошко зголемување на дневните потреби.

Состав

Една Цитикол вијала од 10 ml содржи 500 mg цитиколин во облик на натриумова сол.

Фармацевтска форма

Вијали за директна орална примена.

Дејство и употреба

Квалитетот на видот најмногу зависи од правилното дејствување на нервните клеточни структури поврзани со визуелната функција. Поради тоа, особено е важно организмот да има невропротективен систем којшто ќе ги одржува физиолошките нивоа на мембранските фосфолипиди за да се обезбеди интегритетот на мембраната на нервната клетка.

Цитиколинот претставува молекула којашто е присутна во организмот. Исто така, претставува прекурзор на фосфолипидите коишто се содржат во клеточната мембрана, вклучувајќи ја и клеточната мембрана на оптичкиот нерв.

Нервните клетки го искористуваат цитиколинот за синтеза на ацетилхолин којшто е корисен за спроведување на визуелните сигнали. Цитиколинот којшто се содржи во Цитикол вијалите претставува извор на холин, прекурзор на ацетилхолинот. Холинот придонесува за нормален метаболизам на хомоцистеинот, којшто може да биде засегнат во случај на некои офталмолошки невродегенеративни болести.

Дозирање и начин на примена

Една вијала дневно, се препорачува да се зема наутро.

Пакување

Вијалите Цитикол се спакувани во картонска кутија којашто содржи 30 вијали од 10 ml и упатство за употреба.

Нето-количество: 300 ml

Регулаторен статус

Додаток во исхраната.