Dezintal влажни марамчиња

DEZINTAL влажни марамчиња

Dezintal 0,2% 950ml

Брза и едноставна дезинфекција на површини со докажно дејство против SARS-CoV-2 (COVID 19)

Новите влажни марамчиња Dezintal за дезинфекција на површини убиваат 99,9 % од тестираните вируси, фунги и бактерии и докажано се ефикасни против SARS-CoV-2 (COVID 19).

Засега е познато дека новиот вирус SARS-CoV-2 може да опстојува на површините и до 9 дена, притоа останувајќи инфективен. Затоа, одлуката за избор на средства за дезинфекција на површините треба да се направи внимателно.

Влажните марамчиња Dezintal, кои доаѓаат во пакување од 60 парчиња, претставуваат брзо и едноставно решение за дезинфекција на површините каде и да сте. Тие се користат за чистење и за дезинфекција на керамички, метални, пластични и на стаклени површини, кои по извршеното чистење и по дезинфекцијата не се пребришуваат, мијат или испираат со вода. Лесно отстрануваат маснотии и нечистотии, без притоа да остават леплива трага. По секоја употреба цврсто затворете го капачето за да се задржат влажноста и ефикасноста.
Влажните марамчиња Dezintal имаат бактерицидно дејство против S. aureus, E. coli, E. hirae и против P. aeruginosa; фунгицидно дејство против C. albicans и вируцидно дејство против Polio virus, Adenovirus, Murine norovirus и против SARS-CoV-2 (COVID 19).