Домашни филтер дуплекс пакување

ДОМАШНИ ФИЛТЕР ДУПЛЕКС ПАКУВАЊЕ

Ништо не му дава топлина на домот како топлата шолја чај. Водени од таа мисла, ги создадовме домашните чаеви.

За поедноставно приготвување, чаевите ги спакувавме во филтер-кесички. Во секоја кесичка ќе најдете 100 % билна содржина, без додатоци. Широката палета билки опфаќа: цвет од камилица, лист од нане, мајчина душичка, планински чај, шипка со хибискус, цвет од липа, кантарион и детски чај.

Секоја од билките што ги користиме за производство на чаевите е строго одбрана, со контролиран, висок квалитет, со цел оригиналниот вкус и природната арома да останат непроменети.

Ви препорачуваме да ги следите упатствата на амбалажата на чаевите, кои се однесуваат на начинот на приготвување.

Наша препорака е секогаш да користите свежо приготвен чај за целосно да го доживеете моментот Good Nature!