Гел за по сончање Black up со разладувачки ефект Black up 150ml

Гел за по сончање Black up со разладувачки ефект со ментол и со екстракт од алое вера и од овес

150 ml

Ја смирува и ја тонизира кожата по сончањето. Содржи ментол, екстракт од овес и екстракт од алое вера.

Ментолот претставува монотерпен, за кој е утврдено дека дејствува врз нервните завршоци со активација на протеинот TRPM8, познат како рецептор за ладно, и на тој начин обезбедува пријатно чувство на ладење по нанесувањето.

Екстрактот од овес содржи бета-глукан, кој создава тенок филм на кожата и истовремено продира во нејзините долни слоеви, каде што ја дава потребната влажност, а протеините што ги содржи го одржуваат нејзиниот природен изглед.

Екстрактот од алое вера е богат извор на витамини (А, Б6, Ц, Е) и на минерали (Mg, Zn, Na, Cu, K), кои го стимулираат формирањето колаген и со тоа ја обновуваат оштетената кожа.

  • Брзо се апсорбира и не ја мрси кожата и облеката.
  • Дерматолошки тестиран.
  • Наменет е за сите типови кожа.

Начин на употреба: се нанесува во тенок слој, рамномерно, на чиста и сува кожа, по сончањето. Доколку е потребно, постапката може да се повтори.