# ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА „АЛКАЛОИД

> Делегација на Германската амбасада во Скопје, предводена од Нејзината екселенција, амбасадорката Анке Холштајн, оствари работна посета на „Алкалоид“.

Source: https://alkaloid.com.mk/germanskata-ambasadorka-vo-rabotna-poseta-na-alkaloid-1

Aug 30, 2022

**Делегација на Германската амбасада во Скопје, предводена од Нејзината екселенција, амбасадорката Анке Холштајн, оствари работна посета на „Алкалоид“.**

  

За време на посетата, амбасадорката Холштајн, чиј домаќин беше работна група на компанијата, предводена од Генералниот директор и Претседател на УО, г. Живко Мукаетов, беше запознаена со резултатите од работењето на компанијата, деловните активности, нејзините пласмани и со производственото портфолио. Беа презентирани и големиот број инвестиции кои континуирано ги реализираше „Алкалоид“ низ годините, извозните операции на компанијата, како и големиот број активности и проекти во делот на корпоративната општествена одговорност.

  

Посебен акцент беше ставен врз Програмата за практикантство на „Алкалоид“ со дел од образовните институции за високо и за средно образование, која успешно се развива врз основа на позитивните пракси од европските модели на дуално образование, чија цел е зголемување на ефикасноста на образовниот потенцијал и продукција на стручен и обучен кадар, кој ќе биде способен да одговори на барањата на македонскиот пазар на трудот.

Амбасадорката Холштајн го изрази своето задоволство од успешното работење на „Алкалоид“, како и од успешната соработка со германски компании на тамошниот пазар, особено осврнувајќи се на високото ниво на технолошка опременост и на човечкиот капитал кој управува со процесите во „Алкалоид“, со кои имаше можност да се запознае директно, преку обиколка на производствените капацитети и на Институтот за истражување и развој, каде што голем дел од инсталираната опрема е набавена од германски производители. Во текот на посетата беа презентирани и напредните информатичко-комуникациски практики во компанијата и придобивките од САП-системот, кој, исто така, е германско софтверско решение.

  

Среќна сум што имав можност да ја посетам компанијата Алкалоид, која е македонска гордост и најдобар пример за највисоки корпоративни вредности, постојан раст, вложување во развој, едукација, општествена одговорност и грижа за животната средина. Им посакувам уште поголеми успеси дома и во светски рамки.“, истакна Н.E., г-ѓа Холштајн.

Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, г. Живко Мукаетов, изрази задоволство од оваа работна средба, која е од големо значење за продлабочување на билатералната соработка.

„Вистинска чест е што денес како компанија имаме можност да го презентираме нашето работење пред Амбасадорката на Сојузна Република Германија – најголемиот трговски партнер на нашата земја. Презентирајќи ги операциите, ние ја потврдивме нашата заложба кон глобализацијата на брендот ‘Алкалоид’ и посветеноста на континуиран раст и развој на компанијата“, истакна г. Мукаетов.

Германија е еден од најбрзорастечките извозни пазари на „Алкалоид“, од особено стратешко значење, каде што компанијата оствари пласмани од близу 3 милиони евра во 2021 година, бележејќи раст од 160 % во однос на 2020 година.  

  

  

  

Nov 2, 2026[US Embassy Representatives Pay Official Working Visit to Alkaloid](https://alkaloid.com.mk/us-embassy-representatives-pay-official-working-visit-to-alkaloid)

* * *

Oct 29, 2026[ALKALOID – Operating Results for the January – September 2026 period](https://alkaloid.com.mk/alkaloid-operating-results-for-the-january-september-2026-period)

* * *

Oct 28, 2026[ALKALOID BECOMES THE FIRST COMPANY IN MACEDONIA TO RECEIVE THE PRESTIGIOUS TOP EMPLOYER 2026 CERTIFICATION](https://alkaloid.com.mk/alkaloid-top-employer-2026)

* * *

Oct 8, 2026[ALKALOID MARKS ITS 23RD PARTICIPATION IN CPHI, THE WORLD’S LEADING PHARMACEUTICAL EVENT](https://alkaloid.com.mk/alkaloid-marks-its-23-rd-participation-in-cphi-the-world-s-leading-pharmaceutical-event)

* * *

Sep 22, 2026[MUKAETOV AT THE 25TH MACEDONIAN STOCK EXCHANGE CONFERENCE: SMALL MARKET, BIG OPPORTUNITY](https://alkaloid.com.mk/mukaetov-at-the-25th-macedonian-stock-exchange-conference)

* * *