Имелглог микс

Имелглог микс - чај за намалување зголемен крвен притисокИмелглог микс - чај за намалување зголемен крвен притисок
Чајна мешавина на бела имела, лист, цвет и на плод од глог, плод од шипка, корен од валеријана, лист од маточина и на коњски опаш, која поволно дејствува врз регулирање на крвниот притисок.

Билките глог и имела имаат улога во одржувањето на нормалниот крвен притисок. Листот и цветовите од глог придонесуваат за нормална срцева циркулација. Билките коњски опаш и шипка придонесуваат за продукција на нормално ниво на урина. Листот од маточина и коренот од валеријана имаат улога во одржувањето на менталното здравје и на когнитивните функции. 

Чајот не се препорачува за деца и при бременост и доење.

Се препорачува да се пие 2-3 пати на ден, пред оброк.

Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата, а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.

Достапен е во филтер–кесички – 20 х 1,5 g и 100 g.