Кариера во Алкалоид

КАРИЕРА ВО „АЛКАЛОИД“

Совети за аплицирање

Информирајте се што сѐ бараме од нашите потенцијални вработени преку прегледување на страницата за подготовка при аплицирањето.
Успешното аплицирање започнува со целосно разбирање на вашите професионални цели во комбинација со познавање на нашата компанија и на индустријата во која работиме.

Во „Алкалоид“ може да аплицирате на два начина:

1. преку апликацијата за кариера која се наоѓа на следниот линк: https://career.alkaloid.com.mk/

Таа нуди можност за ваше онлајн-аплицирање на малку поинаков начин. Имено, со креирање на свој личен профил, кој нуди можност за постојано ажурирање, навремено нѐ информирате за сите промени во вашиот професионален развој, промени во кариерата или, пак, за статусните промени во вашето образование. А ние, пак, за возврат, со задоволство редовно ќе ве известуваме за отворените работни места во доменот и во областите на ваш интерес.

2. преку електронската адреса Career@alkaloid.com.mk, како дополнителна можност. Во овој случај, вашата апликација треба да ги содржи следните документи:

  • мотивациско писмо;
  • кратка биографија (CV) и
  • други релевантни документи (дипломи, сертификати, препораки итн.), кои би ја збогатиле вашата апликација.
Во случај да бидете повикани на интервју

Пред интервјуто подгответе се и бидете свесни за својата вредност:

  • Потсетете се на своето минато и на работното искуство или, поточно, знајте ја во целост својата кратка биографија (CV) за да можете детално да ја дискутирате.
  • Размислете што е тоа што ве мотивира да аплицирате за работна позиција во нашата компанија. Помислете на своите лични аспирации, финансиски аспекти или на типот организациска култура и работа што ве привлекува.
  • Бидете свесни за вашите професионални цели за во иднина затоа што ние преземаме обврска што трае повеќе од еден ден.
  • Земете со себе неколку копии од својата кратка биографија (CV).
  • Облечете се соодветно.
  • Пристигнете навреме.

За време на интервјуто:

  • искрено разменувајте ги информациите и обидете се да дознаете дали постои заеднички интерес или, пак, вистински спој;
  • распрашајте се за дневните работни одговорности;
  • дознајте за корпоративната структура, рапортирањето, за стиловите на менаџментот итн.
  • разберете какви можности постојат за унапредување и
  • бидете сигурни дека ги имате информациите за контакт на лицето кое ве интервјуира.