Корпоративна усогласеност

Корпоративна усогласеност

Кодот за етичко и деловно однесување на „Алкалоид“ е декларација за нашата посветеност во почитувањето на етичките и на принципите за усогласеност со законите и со корпоративните политики и акти, како и во управувањето со сите наши деловни операции. Клучните вредности и етичките стандарди содржани во Кодот ја поставуваат рамката во која ние корпоративно функционираме. Нашите раководни структури цврсто го поддржуваат системот на корпоративна усогласеност на „Алкалоид“, а ја очекуваме истата таа посветеност и од нашите вработени, од деловните партнери и од надворешните соработници.

Корпоративната усогласеност на „Алкалоид“ претставува интегриран систем на политики, акти, функции, на процеси, контролни механизми и на алатки, кои се применуваат во „Алкалоид“ во насока на обезбедување усогласеност со етичките стандарди и начела, со законските прописи и со внатрешните акти и на спречување, односно намалување на ризикот од повреди на Кодот и на тој начин зачувување и негување на нашиот корпоративен интегритет.