Козметика

Алкалоид - Козметика

Долгогодишното искуство и традиција од над 70 години се темелат врз квалитетот на богатата палета производи на „Алкалоид – козметика“, почнувајќи од производите за нега на кожа, на детска кожа, сапуните, производите за нега на коса, на заби, парфемската колекција за мажи, парфемската колекција за жени, како и козметиката за домаќинство.
Светот се менува бргу и затоа се потребни нови идеи што ќе се базираат врз принципите на вредностите, на квалитетот и на иновациите.

Успехот на „Алкалоид – козметика“ не им се препишува само на неговите иновативни производи туку и на неговиот мотивиран и стручен менаџерски тим.
Менаџерскиот тим на „Алкалоид – козметика“ континуирано соработува со меѓународни институции и со експерти во насока на развивање нови производи.
Извонредните формули користени во нашите козметички производи ги задоволуваат највисоките очекувања на нашите потрошувачи. Ние ги користиме најсовремените трендови во козметичката технологија и гарантираме за врвниот квалитет на нашите производи.

Состојките што се составен дел на производите се набавуваат од добавувачи кои ги задоволуваат високите стандарди за квалитет, а тие се во согласност со барањата на европската директива за квалитетен козметички производ.
Производниот процес се одвива според највисоките стандарди во индустријата – GMP (добра производна практика).

Палетата производи е добро позната и продавана како во Македонија, така и во Србија, Босна и Херцеговина, во Хрватска, Словенија, Црна Гора и во Албанија.
На пазарот постоиме благодарение на оригиналниот квалитет, високата стручност и на технологијата.

Ние секогаш ќе бидеме успешни доколку сте вие задоволни.