Крем за сончање лице Black up СПФ 30 50 ml

Крем за сончање лице Black up, СПФ 30

50 ml

Содржи комбинација на УВА- и УВБ-филтри, витамин Е, Де-пантенол и на екстракт од алое вера. Вградените состојки овозможуваат висока заштита на лицето од УВА- и од УВБ-зраците во текот на сончањето, а истовремено ја заштитуваат кожата од изгореници и од црвенило.

УВА- и УВБ-филтрите се висококвалитетни хемиски филтри, кои имаат способност да ги апсорбираат УВ-зраците и на тој начин да ја заштитуваат кожата од штетните УВ-зраци. Нивното дејство е појачано со механички филтер УВА/Б со широк спектар  дејства и е особено препорачлив за чувствителна кожа.

Кремот е збогатен со екстракт од алое вера, кој ѝ дава дополнителна влажност на кожата.

Содржи Де-пантенол, кој е моќен навлажнувач и продира сѐ до долните слоеви на кожата, и витамин Е, кој има големо антиоксидативно дејство.

  • Дерматолошки тестиран.
  • Наменет е за сите типови кожа.

Начин на употреба: се нанесува на сува кожа, 15 минути пред изложување на сонце и по секое капење. Може да се користи повеќепати во текот на денот.