# Бренд BlackUp

> Бренд BlackUp — Алкалоид АД Скопје

Source: https://alkaloid.com.mk/mk/brand-blackup-mk

## BLACK UP

### **ДА СЕ ОСТАНЕ ПРИЈАТЕЛ СО СОНЦЕТО**

Со првите зраци на сонцето и со топлото време, речиси не постои некој што не посакува да има убав, здрав и темен тен.

Но, со децении е присутна дилемата дали е сончањето здраво или не. Умереното изложување на сонце е значајно за правилен раст и развој на децата поради стимулативното дејство врз претворањето на провитаминот Д во витамин Д, за подобрување на симптомите на остеопороза и за подобрување на расположението.

Прекумерното изложување на сонце е голем ризик за здравјето. УВА- и УВБ-зраците индиректно влијаат врз добивањето бронзен тен, но воедно се и главните виновници за оштетувањето на кожата и за појавата на еритеми (црвенила), изгореници, на темни дамки, предвремено стареење на кожата и на канцерогени промени на кожата.

**Заштитете се од сонцето и во сенка и дури и кога е облачно**

Дури и кога сте под сенка, треба да нанесете заштитен фактор. Штетните УВ-зраци се рефлектираат врз нас од околината, па сенката не обезбедува доволна заштита од сонцето. Истото важи и кога е облачно. Во зависност од дебелината на облакот, до 90 % од УВ-зрачењето минува низ него. Затоа, не заборавајте да нанесете заштитен фактор.

**Препаратите од колекцијата BLACK UP содржат комбинација на УВА и УВБ**\- филтри, кои овозможуваат заштита од штетното влијание на УВ-зраците. Воедно, содржат и додатни компоненти, кои помагаат за добивање на посакуваниот бронзен тен и ја негуваат кожата.

[Сите производи](https://alkaloid.com.mk/mk/products/cosmetics?categories=Black+Up)