# Еден работен ден во Алкалоид
Интервју со Миа Арсоски

> „Секој работен ден во секторот Продажни операции – фармација, кој е дел од кластерот Источна Европа, претставува посебна динамична приказна, но и ново…

Source: https://alkaloid.com.mk/mk/eden-raboten-den-vo-alkaloid-mia-arsoski

8 окт 2026

  

„Секој работен ден во секторот Продажни операции – фармација, кој е дел од кластерот Источна Европа, претставува посебна динамична приказна, но и ново искуство врзано за она што го имам како главен предизвик – менаџирање на извозните продажни операции преку комуникација, синхронизација и преку координација со многу оддели од компанијата. Тоа е континуиран процес на активности со голема заедничка цел – навремено пласирање на алкалоидовите фармацевтски производи за продажба на извозните пазари.

  

Како регионален оперативен лидер за пазарите Хрватска, Бугарија и Словенија ми претставува особено задоволство да го работам она што го сакам, излегувајќи од комфор-зоната и соочувајќи се со огромни одговорности, но и со предизвици кои ги носи турбулентното секојдневие, а, сепак, со една голема сатисфакција добиена од крајниот исход – да ги направиме нашите производи достапни за пациентите и надвор од границите на нашата држава.

  

Огромен поттик и мотивација ми претставува работењето со целокупниот мој тим од извонредни колеги, со кои работата се темели на постојана заемна поддршка, изнаоѓање решенија за сите предизвици со кои се соочуваме и на континуирано докажување дека со заеднички сили и неможното станува можно.

  

“The strength of the team is each individual member – the strength of each member is the team”, Миа Арсоски, регионален оперативен лидер за Бугарија, Хрватска и за Словенија

  

Доколку сакате да бидете дел од тимот кој ги поместува границите, испратете ја својата апликација на [career.alkaloid.com.mk](https://alkaloid.com.mk/mk/career.alkaloid.com.mk) и започнете ја својата Алкариера!

  

#АлкалоидСкопје #Алкариера

8 окт 2026[Еден работен ден во Алкалоид Интервју со Емилија Давидова](https://alkaloid.com.mk/mk/eden-raboten-den-vo-alkaloid-emilija-davidova)

* * *

8 окт 2026[Еден работен ден во Алкалоид Интервју со Емилија Филиповска](https://alkaloid.com.mk/mk/eden-raboten-den-vo-alkaloid-emilija-filipovska)

* * *

8 окт 2026[Еден работен ден во Алкалоид Интервју со Ивана Михајловска](https://alkaloid.com.mk/mk/eden-raboten-den-vo-alkaloid-ivana-mihajlovska)

* * *

8 окт 2026[Еден работен ден во Алкалоид Интервју со Светлана Трајкоска-Дабевска](https://alkaloid.com.mk/mk/eden-raboten-den-vo-alkaloid-svetlana-trajkoska-dabevska)

* * *

7 окт 2026[Еден работен ден во Алкалоид - Ирена Трлин](https://alkaloid.com.mk/mk/eden-raboten-den-vo-alkaloid-irena-trlin)

* * *