# Еден работен ден во Алкалоид
Интервју со Светлана Трајкоска-Дабевска

> „Работата во Производство – Хемија е динамична, со многу предизвици, а нивното надминување ѝ дава значење на работата и можност за личен и за…

Source: https://alkaloid.com.mk/mk/eden-raboten-den-vo-alkaloid-svetlana-trajkoska-dabevska

8 окт 2026

  

„Работата во Производство – Хемија е динамична, со многу предизвици, а нивното надминување ѝ дава значење на работата и можност за личен и за професионален развој.

  

Производство – Хемија вклучува неколку производствени одделенија: органско, неорганско, пакување хемикалии и производство на концентрати за хемодијализа. Работниот ден започнува со состаноци и со договор со одговорните лица на производствените погони. Во секој производствен погон се договараме и се координираме за распределба на работните задачи, за да се реализира планираното производство квалитетно, ефикасно, навремено и во согласност со воспоставениот систем за квалитет.

  

Комплексноста на производствените процеси налага тимска работа. Заеднички со тимот, со целосна ангажираност, отворена комуникација и со добра работна атмосфера, ги надминуваме предизвиците и целиме кон континуирано подобрување на процесите.

  

Особено задоволство ми предизвикува ефикасното завршување на поставените задачи и можноста за континуирано учење и за развој. Доколку сакате да имате динамична и успешна кариера, ве очекуваме во нашиот тим!“ Светлана Трајкоска-Дабевска, менаџер на Производство – Хемија

  

Доколку сакате да бидете дел од тимот кој ги поместува границите, испратете ја својата апликација на [career.alkaloid.com.mk](https://alkaloid.com.mk/mk/career.alkaloid.com.mk) и започнете ја својата Алкариера!

  

#АлкалоидСкопје #Алкариера

8 окт 2026[Еден работен ден во Алкалоид Интервју со Емилија Давидова](https://alkaloid.com.mk/mk/eden-raboten-den-vo-alkaloid-emilija-davidova)

* * *

8 окт 2026[Еден работен ден во Алкалоид Интервју со Миа Арсоски](https://alkaloid.com.mk/mk/eden-raboten-den-vo-alkaloid-mia-arsoski)

* * *

8 окт 2026[Еден работен ден во Алкалоид Интервју со Емилија Филиповска](https://alkaloid.com.mk/mk/eden-raboten-den-vo-alkaloid-emilija-filipovska)

* * *

8 окт 2026[Еден работен ден во Алкалоид Интервју со Ивана Михајловска](https://alkaloid.com.mk/mk/eden-raboten-den-vo-alkaloid-ivana-mihajlovska)

* * *

7 окт 2026[Еден работен ден во Алкалоид - Ирена Трлин](https://alkaloid.com.mk/mk/eden-raboten-den-vo-alkaloid-irena-trlin)

* * *