# Германска економска делегација во работна посета на „Aлкалоид“

> Германска економска делегација, составена од претставници на Министерството за економија на СР Германија и на германски компании, од потпретседателот на…

Source: https://alkaloid.com.mk/mk/germanska-ekonomska-delegacija-vo-rabotna-poseta-na-alkaloid

15 мар 2023

  

Германска економска делегација, составена од претставници на Министерството за економија на СР Германија и на германски компании, од потпретседателот на групацијата „BASF Централна и Југоисточна Европа“ и од високи претставници на Aмбасадата на СР Германија во Скопје, оствари работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје.

  

  

На средбата претставниците на германската економска делегација, чиј домаќин беше Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, г. Живко Мукаетов, проследија презентација која ги опфати остварените резултати од работењето на „Алкалоид“, како една од најуспешните фармацевтски компании во ЈИЕ, нејзините пласмани, производственото портфолио и деловните операции. За време на средбата беа претставени и големиот број инвестиции кои компанијата континуирано ги реализира низ годините, извозните активности и политиката за општествена одговорност, кои се дел од деветдеценискиот континуитет на успешната приказна за „Алкалоид“.

  

  

Во рамките на работната средба посебен акцент беше ставен врз долгогодишната успешна соработка на „Алкалоид“ со германски компании. Како еден од брзорастечките извозни пазари на компанијата, Германија е од особено стратешко значење и пазар каде што „Алкалоид“ во 2022 година оствари пласмани од 3.014.328 евра, при што забележа раст од 6,6 % во однос на 2021 година. Посебен осврт беше даден за тридецениската стратешка соработка на „Алкалоид“ со компанијата „BASF“, eвропска мултинационална хемиска компанија и најголем производител на хемикалии во светот, која важи за еден од најсигурните партнери на „Алкалоид“. Како компанија со најголема доверба во однос на квалитетот на суровините и која ги следи потребите на нашата компанија, „BASF“ е снабдувач на суровини во сегментите _фармација, козметика_ и _хемија_.

  

  

При обиколката на производствените капацитети на сегментот _фармација_ и на Институтот за истражување и развој, гостите изразија задоволство од високото ниво на подготвеност и на стручност на човечкиот капитал кој управува со процесите, како и од високото ниво на технолошка опременост на капацитетите, при што голем дел од инсталираната опрема е снабдена од германски производители.

  

  

Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, г. Живко Мукаетов, се заблагодари за честа и за можноста да ги претстави работењето и деловните операции на компанијата пред присутните, потенцирајќи го значењето на оваа средба за натамошно продлабочување на билатералната соработка.

  

  

Вршителот на должноста Aмбасадор на СР Германија, г. Ото Граф, изрази благодарност од посетата и од срдечното гостопримство, истакнувајќи дека преку оваа работна средба се уверил во големината, успешноста и во организираноста на една од компаниите столбови на македонската економија.

  

29 окт 2026[АЛКАЛОИД – резултати од работењето за периодот јануари – септември 2026 година](https://alkaloid.com.mk/mk/alkaloid-rezultati-od-rabotenjeto-za-periodot-januari-septemvri-2026-godina)

* * *

28 окт 2026[„АЛКАЛОИД“ Е ПРВАТА ДОМАШНА КОМПАНИЈА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНИОТ МЕЃУНАРОДЕН СЕРТИФИКАТ TOP EMPLOYER 2026](https://alkaloid.com.mk/mk/alkaloid-dobitnik-na-nagrada-top-employer-2026)

* * *

8 окт 2026[„АЛКАЛОИД“ СО 23. УЧЕСТВО НА ВОДЕЧКИОТ ГЛОБАЛЕН ФАРМАЦЕВТСКИ НАСТАН CPHI](https://alkaloid.com.mk/mk/alkaloid-so-23-u-ch-estvo-na-vode-ch-kiot-globalen-farma-cz-evtski-nastan-cphi)

* * *

22 сеп 2026[МУКАЕТОВ НА 25. КОНФЕРЕНЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА: МАЛ ПАЗАР, ГОЛЕМА МОЖНОСТ](https://alkaloid.com.mk/mk/mukaetov-na-25-konferencija-na-makedonskata-berza)

* * *

21 сеп 2026[ОД ВРВОТ НА ФАБРИЧКИОТ ОЏАК ДО УМЕТНИЧКА ИНСТАЛАЦИЈА: ПРИКАЗНАТА ЗА ИСТОРИСКИОТ ЗНАК НА „АЛКАЛОИД“](https://alkaloid.com.mk/mk/od-vrvot-na-fabri-ch-kiot-o-ak-do-umetni-ch-ka-instala-cz-i-a-prikaznata-za-istoriskiot-znak-na-alkaloid)

* * *