# Истражување и развој

> Институтот за истражување и развој на Алкалоид, отворен во 2009 година – прв од ваков вид во земјава, посветен на развој на нови лекови.

Source: https://alkaloid.com.mk/mk/istrazhuvanje-i-razvoj

[Корпоративна општестествена одговорност](https://alkaloid.com.mk/mk/nasheto-vlijanie)›Истражување и развој

## ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ

„Алкалоид“ АД Скопје својата посветеност за производство на квалитетни, безбедни и ефикасни лекови и посветеноста за постојан развој ги потврди со отворањето на Институтот за истражување и развој. Оваа единствена, високософистицирана единица е прва од ваков вид во земјава, официјално предадена во употреба на 11 март 2009 година.

  

Повеќе од една деценија Истражување и развој во „Алкалоид“ АД Скопје има реномирана репутација како истакнат сегмент за истражување и за воведување нови производи, технологии, аналитички методи и услуги, кои обезбедуваат раст на богатото портфолио на „Алкалоид“, со грижа за заштита на животната средина, како и на здравјето и на безбедноста при работа.

  

Институтот располага со корисна површина од 1.540 квадратни метри. Опремен е со најсовремена лабораториска и пилот-производствена опрема, која овозможува развој на нови, современи форми на генерички лекови и лекови со додадена вредност, во кои се применуваат најновите научни сознанија од областа на фармацијата.

  

Формирањето на Институтот за истражување и развој е од големо значење во однос на развојот и на воведувањето нови технологии и аналитички методи, вклучувајќи повисоки стандарди за квалитет, постојано подобрување и исполнување на највисоките барања од сите релевантни регулаторни тела.

  

Во структурата на Истражување и развој функционираат повеќе оддели, кои овозможуваат ефективно и успешно спроведување на системот за управување со квалитет на Истражување и развој, вклучително и на стандардите за квалитет, специфични за активностите на секоја единица.

  

Оперативните сегменти на Развој на нови производи, Развој на технологија и процес, на Научна поддршка, Оддел за клинички испитувања, Оддел за квалитет и на Патенти и ексклузивност на податоци го дефинираат опсегот на активности за Истражување и развој.

  

Процесите започнуваат со проценка на изводливоста, слободата на дејствување од аспект на патенти и ексклузивност на податоци и патентибилноста на нови производи, следејќи го процесот на развој на формулација на нови лекови, нивно тестирање in vivo преку изведба на клинички испитувања и нивно пренесување во индустриското производство, проследено со активности за валидација на процесот и за следење на стабилноста.

  

Истражување и развој регрутира висококвалификувани вработени и ги поддржува со ресурси потребни за управување со проектите на сите нивоа. Во Институтот се вработени повеќе од 150 високоспецијализирани, обучени и квалификувани лица.

  

Истражување и развој се стреми да испорача безбедни и ефикасни лекови, во согласност со регулаторните барања и со корпоративната политика на компанијата – **здравјето пред сѐ!**

Вредностите што се промовираат преку индивидуалната посветеност на секој вработен во Истражување и развој го зајакнуваат придонесот за остварување на заеднички поставените цели!

## НАУЧНА АКТИВНОСТ

#### Објавени научни трудови во меѓународни списанија со фактор на влијание

### Dimethyl Isosorbide: An Innovative Bio-Renewable Solvent for Sustainable Chromatographic Applications

[https://www.mdpi.com/1420-3049/30/13/2713](https://www.mdpi.com/1420-3049/30/13/2713)

* * *