# Клучни вредности

> Клучните вредности на Алкалоид АД Скопје – етичко водење бизнис, интегритет, почит кон различностите и одговорност во секоја деловна одлука.

Source: https://alkaloid.com.mk/mk/kluchni-vrednosti

[Кои сме ние](https://alkaloid.com.mk/mk/koi-sme-nie)›Клучни вредности

## КЛУЧНИ ВРЕДНОСТИ

„Алкалоид“ АД Скопје, при извршувањето на своите деловни операции, се потпира на највисоките етички норми и стандарди. Уверени сме дека етичкото водење бизнис е предуслов за постојан личен и деловен успех, а нашите клучни вредности се: 

Ги прифаќаме различните погледи на луѓето со почит и со достоинство. Ја промовираме различноста со восхит и со емпатија, независно од позицијата во компанијата, потеклото, возраста, од полот, вредностите, погледите или од интересите на таа личност. Ги препознаваме разликите кај луѓето како шанса да научиме нешто ново и да пристапуваме поинаку кон работите.  

За да покажеме дека сите се значајни, мора да бидеме целосно **транспарентни** со колегите, клиентите, соработниците, со инвеститорите, надворешните партнери, владините институции, со заедницата итн.  

Транспарентноста гради **доверба**, а довербата е темел на која се потпираме. Оваа доверба се однесува на секого со кого комуницираме, независно на кое е ниво, и претставува клуч при воспоставувањето и при развојот на внатрешни и на надворешни односи, бидејќи е основа на **добрата комуникација**.  

Користиме **емпатија** и **активно слушање** за да ја разбереме перспективата на другото лице, независно од тоа дали се согласуваме со него или не. Покажуваме желба да ги запознаеме и да ги разбереме нашите колеги.  

Активно се вклучуваме во заедницата и во добротворните настани, како поединци и како организација, и постојано ги охрабруваме нашите вработени да враќаат кон заедницата. Одговорни сме, донираме дел од нашите ресурси и силно веруваме дека наша одговорност е да ѝ **враќаме на заедницата во која живееме** и во која работиме.