# За автомобилска индустрија

> AUS 32 AL 5 l, 10 l, 20 l, 50 l, 1000 l Воден раствор на уреа за возила со дизел мотори, со SCR технологија AUS 32 AL е високо квалитетен воден раствор на уреа…

Source: https://alkaloid.com.mk/mk/product/automotive-industry

AUS 32 AL 5 l, 10 l, 20 l, 50 l, 1000 l Воден раствор на уреа за возила со дизел мотори, со SCR технологија AUS 32 AL е високо квалитетен воден раствор на уреа произведен во согласност со барањата за квалитет на ISO 22241. Состав: уреа 32,5%, деминерализирана вода 67,5%. AUS 32 AL е еколошки производ, лесен и безбеден за ракување, не е експлозивен и не е запалив. AUS 32 AL се користи за: - Намалување на штетните емисии од дизел моторите со примена на селективна каталитичка редукција (SCR технологија); - Редукција на NOx гасовите со SCR технологија заради запазување на нормите на EURO IV, V, VI. Долговечноста и ефективноста на SCR-системот на самото возило зависи од квалитетот и чистотата на употребениот воден раствор на уреа. АЛПЕРИТ (за во зима) 1 l, 5 l Ефикасно средство за чистење и за одмрзнување на автомобилските стакла во зимскиот период (до -25°). Производот е во употреба околу 15 години. Состав: етанол, површински активна компонента, мирисна компонента, боја. АЛПЕРИТ (летен) 1 l, 5 l Ефикасно средство за чистење на автомобилските стакла во летниот период (до -5°). Одлично ги отстранува сите нечистотии и не дејствува на боја, гума и на пластика. Состав: етанол, површински активна компонента, мирисна компонента, боја. Напомена: Постојат можности за брз развој на производи за истата намена, но со различен состав и пакување.