# ЦИТИКОЛ ВИЈАЛИ

> Состав Една Цитикол вијала од 10 ml содржи 500 mg цитиколин во облик на натриумова сол. Фармацевтска форма Вијали за директна орална примена. Дејство и употреб…

Source: https://alkaloid.com.mk/mk/product/citikol-vials

[Цитикол](https://alkaloid.com.mk/mk/products/pharmaceuticals?categories=%D0%A6%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB)›ЦИТИКОЛ ВИЈАЛИ

**Состав**

Една Цитикол вијала од 10 ml содржи 500 mg цитиколин во облик на натриумова сол.

**Фармацевтска форма**

Вијали за директна орална примена.

**Дејство и употреба**

Квалитетот на видот најмногу зависи од правилното дејствување на нервните клеточни структури поврзани со визуелната функција. Поради тоа, особено е важно организмот да има невропротективен систем којшто ќе ги одржува физиолошките нивоа на мембранските фосфолипиди за да се обезбеди интегритетот на мембраната на нервната клетка.

Цитиколинот претставува молекула којашто е присутна во организмот. Исто така, претставува прекурзор на фосфолипидите коишто се содржат во клеточната мембрана, вклучувајќи ја и клеточната мембрана на оптичкиот нерв.

Нервните клетки го искористуваат цитиколинот за синтеза на ацетилхолин којшто е корисен за спроведување на визуелните сигнали. Цитиколинот којшто се содржи во **Цитикол вијалите** претставува извор на холин, прекурзор на ацетилхолинот. Холинот придонесува за нормален метаболизам на хомоцистеинот, којшто може да биде засегнат во случај на некои офталмолошки невродегенеративни болести.

**Дозирање и начин на примена**

Една вијала дневно, се препорачува да се зема наутро.

**Пакување**

**Вијалите Цитикол** се спакувани во картонска кутија којашто содржи 30 вијали од 10 ml и упатство за употреба.

Нето-количество: 300 ml

**Регулаторен статус**

Додаток во исхраната.

Вијалите Цитикол се спакувани во картонска кутија којашто содржи 30 вијали од 10 ml и упатство за употреба

## Слични производи

[

Цитикол Б

](https://alkaloid.com.mk/mk/product/citikol-b)

[

### Цитикол Б

](https://alkaloid.com.mk/mk/product/citikol-b)

[

Цитикол Б

](https://alkaloid.com.mk/mk/product/citikol-b)

[

Цитикол Б

Шише со 10 ml раствор, кутија и упатство за пациентот

](https://alkaloid.com.mk/mk/product/citikol-b)