# ПЛАНТАГИН

> Состав 1 вагиторија содржи 0,8 g кантарионово масло (Oleum hyperici) Фармацевтска форма вагитории Дејство Во својот состав кантарионот содржи разновидни биолош…

Source: https://alkaloid.com.mk/mk/product/plantagin

[ПЛАНТАГИН](https://alkaloid.com.mk/mk/products/plantagin)›ПЛАНТАГИН

**Состав**

1 вагиторија содржи 0,8 g кантарионово масло (Oleum hyperici)

**Фармацевтска форма**

вагитории

**Дејство**

Во својот состав кантарионот содржи разновидни биолошки активни соединенија и има повеќе фармаколошки својства како антиинфламаторно, антибактериско, антивирусно и атстрингентно. Поради овие својства, кантарионот го намалува воспалението на ткивата и го зголемува регенеративното својство на ткивото, што води до негова побрза реепителизација и до враќање на еластичноста.

**Индикации**

-   За отстранување јадеж, леукореја и други знаци на воспаление во гинеколошката практика. Поволно дејствува при следниве состојби:
    

-   вагинални воспаленија со зголемен вагинален секрет;
    
-   промени на слузницата на цервиксот проследени со воспаление;
    

-   дегенеративни промени на цервикалната и на вагиналнатата слузница по зрачна терапија;
    

-   промени на вагиналната слузница во состојби на вагинална сувост од различно потекло, поради хормонален дисбаланс или менопауза.
    

**Пакување**

Кутија со 7 вагитории

**Регулаторен статус**

Граничен производ