Надзорен одбор

Надзорен одбор

Miodrag MicajkovПроф. Др. Миодраг Мицајков

Претседател на Надзорниот одбор, доктор по право. Роден на 27 август 1944 година во Кавадарци, Република Македонија. Професор и поранешен декан на Правниот Факултет „Јустинијан Први" при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј'' во Скопје. Претседател на Одборот од 1998 година.

 

Ilija DzonovПроф. Др. Илија Џонов

Член на Надзорниот одбор, доктор по медицински науки. Роден на 24 ноември 1943 година во Штип, Република Македонија. Професор и поранешен декан на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј'' во Скопје. Член на Одборот од 1998 година.

 

Bojan KralevskiБојанчо Кралевски

Член на Надзорниот одбор, дипломиран инженер по хемија. Роден на 8 март 1951 година во Скопје, Република Македонија. Вработен е во Алкалоид АД Скопје. Член на Одборот од 1998 година.

 

Обврски и задолжeнија

Во согласност со важечките закони на Република Македонија и Статутот на друштвото, Надзорниот одбор врши надзор на работењето на АЛКАЛОИД АД Скопје, од 1998 година, кога истиот е воспоставен.

На годишно ниво, Членовите на Надзорниот одбор редовно се состануваат, со цел да ги разгледаат предлог одлуките изготвени од Управниот одбор во поглед на работењето на Друштвото за тековната година и да произнесат свој став дали истите треба да се усвојат или одбијат од страна на Собранието на Акционери на АЛКАЛОИД АД Скопје.