CE Certificate за концентрирани раствори за хемодијализа

25.05.2010

CE Certificate за Раствори за хемодијализа и Рентген филм

Алкалоид АД Скопје за прв пат се стекна со CE Certificate за производство на концентрирани раствори за хемодијализа.

Инспектирањето го изврши реномираната агенција KEMA Quality B.V. во состав на DEKRA Group од Холандија, една од најголемите светски агенции за сертификати во светот. Квалитетот, знаењето и услугите на KEMA Quality B.V. се репер за квалитет во медицинската индустрија.

По извршената инспекција KEMA Quality B.V. издаде CE Certificate (CE MARKING OF CONFORMITY) на производителот од Република Македонија, Алкалоид АД, Скопје. ЦЕ Сертификатот потврдува дека производите се во согласност со барањата на Европските Директиви (Annex 3, 5 of the MDD 93/42/ECC and amendment 2007/47/EC) кои се гаранција за безбедност, квалитет и ефикасност на медицински помагала.

Со ова Алкалоид АД Скопје се здоби со право за пласман на своите производи за хемодијализа на сите пазари во Европа.

Исто така, обновен е и CE Certificate за производство на производи од палетата на Рентген филм.